Владата организира прослава за 20-годишнината на рамковниот договор со 300 гости, само два дена пред ригорозните мерки

Точка

09/08/2021

18:05

3.910

Големина на фонт

а а а

Вчера Владата објави дека ќе се укинат свадбите на затворено, ке се забранат настани и концерти.

За над 30 гости во ресторан или друг објект ќе се бара тие да се вакцинирани. Но мерките ќе стапат на сила два дена по прославата.

Дотогаш сите угостителски објекти смеат да организираат прослави со 40 проценти исполнетост и најмногу 250 гости. Вчера министерот за здравство најави дека сме во нов бран на корона зараза.

Во исто време, владата организира прослава со 300 гости по повод 20-годишнината од рамковниот договор, само два дена пред ригорозните мерки.

Во државниот архив, вицепремиерoт Артан Груби го донесе примерокот од рамковниот договор со кој земјава излезе од кризата во 2001-та година.

Додека новинарите го чекаа во ходникот исто така протоколарно наредени надвор од сите протоколи, тој горе заедно со директорот на државниот архив разговараа – како едвај ни во СДСМ ни ВМРО ДПМНЕ не можеле да го најдат примерокот од охридскиот договор, туку совесен член на ПДП го чувал дома 20 години и сега му го дал на Груби.

Тој убедува дека и покрај тоа што се најавени 300 гости за централната манифестација нема опасност короната да се шири меѓу нив.

Речиси 500 илјади или пола милион евра се предвидени да се потрошат за целата прослава која трае неколку месеци но ќе финишира на 13 ти.

Според тендерската документација две тетовски фирми го земале тендерот за организација Арбериа дизајн за продукција и маркетинг и агенцијата за туризам еуро турист.

Министерството за политички систем и односи мегу заедниците на Груби барало да се обезбеди хотел со хала со капацитет од 300 гости, опрема за озвучување, да има спа центар и сеф во секоја соба, храна пијалоци авиобилети изработка на видеа, нивно размножување и печатење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг