Пожарите најкритични во беровско, се гаснат од воздух

Точка

07/08/2021

23:30

2.270

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот сè уште е активен на потегот од селото Будинарци кон селото Разловци, и се шири со мала брзина во појас со ширина околу 200 метри и полесно се следи.


Поради дејствувањето на авионот, хеликоптерите се повлечени, а ангажираните екипи се дистанцираат на безбедно растојание, информира попладнево ЦУК.

„Авионот делуваше веќе два пати, останува да направи уште еден налет, а потоа ќе продолжат армиските хеликоптери. За рационализација на времето, за намалување на потребното време за гаснење од хеликоптерите, на лице место, односно на само неколку километри од пожарот однесовме цистерна со керозин, каде што хеликоптерите полнат гориво и нема потреба да летаат до Скопје, со што значително го скративме времето, и воедно на истото место полнат вода, односно во близина полнат вода од базен, за да не се губи време да се оди до вештачките акумулации коишто се малку подалеку. Ова е прво наше искуство со ваков авион, никојпат досега во Македонија не е гаснато со ваков авион, па сè уште е рано да ги кажеме нашите импресии. Се работи за авион Ц-27Ј Спартан којшто носи 6 тони вода“, рече попладнево директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг