Вистински доказ колку е тешка и пожртвувана пожарникарската професија: Вака изгледаат нозете на дел од пожарникарите од Струмица

Точка

07/08/2021

15:14

2.259

Големина на фонт

а а а

Македонските пожарникари деновиве се на првата линија на фронтот во борбата со пожарите кои беснеат низ целата земја.

Откако пред два дена се појави фотографија која брзо се прошири на социјалните мрежи, а на која се гледа како тројца струмички пожарникари одмараат по 14-часовниот напор во гаснењето на пожарите во близина на Делчево, сега се појави уште еден доказ за тоа колку е тешка и напорна пожарникарската професија.

На Фејсбук страницата „Пожарникари - Струмица“ се објавени фотографии кои покажуваат како изгледаат нозете на пожарникарите кои повеќе од 30 часа се бореа со пожарот во близина на Пехчево.

Вака изгледаат денес нозете на дел од пожарникарите - спасители кои повеќе од 30 часа се бореа со пожарот во близина на Пехчево.

Posted by Пожарникари - Струмица on Friday, August 6, 2021

Засега, добри вести се тоа што нема ниту еден потешко повреден пожарникар, ниту цивилно лице, а единствената жртва е 60-годишна жена од Старо Нагоричане, чие тело сепак не беше пронајдено во опожарената куќа и за овој случај е отворена истрага.




Спонзорирани линкови

Маркетинг