Ова се нашите херои: Струмички пожарникари по 14-часовна работа земаат оддишка пред новите битки со огнената стихија

Точка

05/08/2021

13:23

4.152

Големина на фонт

а а а

Македонските пожарникари овие денови се на првата линија на фронтот во исцрпувачката борба со пожарите кои беснеат ширум земјата.

Особено внимание помеѓу бројните фотографии кои се појавија на социјалните мрежи предизвика онаа на која се гледаат тројца пожарникари како лежат целосно исцрпени од својата работа.

Како што пренесува „Дојче Веле“, станува збор за струмички пожарникари кои по 14-часовната борба со пожарите во близина на Делчево, целосно исцрпени земаат оддишка пред новите битки со огнената стихија.

Пожарите во земјата сè уште не стивнуваат, активни се десетина пожари, а најсериозна е состојбата во регионот на Делчево, Пехчево и во општина Македонски Брод.

Покрај пожарникарите, во нивното локализирање и гасење се ангажирани сите преостанати расположливи капацитети – на локалните самоуправи, Центарот за управување со кризи (ЦУК), војската, полицијата и граѓаните.

Фото: Арбнора Мемети



Спонзорирани линкови

Маркетинг