На ГП Табановце се чека околу 30 минути

Макфакс

07/08/2021

09:47

882

Големина на фонт

а а а

На ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.

Информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг