Роверот на NASA снимил предмет на Марс кој ја разбудил фантазијата кај научниците

Точка

04/08/2021

15:10

8.752

Големина на фонт

а а а

Планетарниот геолог Мишел Минити истакнал дека необичната формација веројатно е формирана од материјали како последица на ерозија.

Роверот на NASA „Curiosity“ неодамна открил интересна формација на камења на површината на планетата Марс.

Сега имал можност одблиску да го прикаже тоа што го забележал, а истото откритие ги збунило научниците.

Имено, во текот на своето истражување на кратерот, во кој се наоѓа и планинскиот врв Маунт Шарп, „Curiosity“ направил неколку фотографии на кои се гледа необичната формација составена од камења.

Научничката на NASA, Абигел Фримен, опишала дека тоа е навистина интересна фотографија од камена структура.

Станува збор за структура која повеќе потсетува на гребен

Роверот „Curiosity“ го проучил подрачјето на Марс кое е богато со глина и граничи со подрачјето во кое се наоѓаат минерали и сулфати, како на пример гипс.

И двете подрачја укажуваат на потенцијално присуство на вода во минатото поради што научниците се многу заинтересирани за истражување на таквата формација.

Кај споменатата формација особено е интересно тоа што е значително малечка.

Колку точно е малечка тешко е да се процени поради тоа што „Curiosity“ нема потребна опрема со која би ја измерил неговата големина.

Но, доволно е да се каже дека фотографијата на која се појавила формацијата е 16, 5 сантиметри, што значи дека ниту формацијата не е поголема од тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг