Кога кризата ќе тропне на врата: Еве зошто жените попрво бираат неверство наместо развод

Точка

03/08/2021

22:57

51.213

Големина на фонт

а а а

Жените кои изневеруваат, за тоа имаат добра причина. Голем број на оние кои изневеруваат и после неверството остануваат во брак. Психолозите и брачните советници објаснуваат која е причината за таквото однесување.

Најчести причинители се:

Сакаат да бидат сигурни во своите чувства

Иако можеби размислуваат за прекинување на врската во која моментално се наоѓаат, тие сакаат да бидат сигурни дека го нашле вистинскиот маж со кој ќе може да го продолжат животот. Не се подготвени да останат без партнер, па затоа седат на две столчиња.

Немаат доволно храброст да го преземат тој чекор

Кога ќе бидат целосно сигурни дека сакаат да го напуштат партнерот, некои жени немаат доволно храброст да се соочат со него. Наместо на партнерот директно да му кажат и да го продолжат животот без него, тие попрво се одлучуваат за неверство.


Не сакаат да му се посветат на еден човек

На некои жени не им е доволно да имаат еден партнер во животот. За нив неверството е забава. Воглавно своите емоции ги чуваат за партнерот со кој се во брак, но потребна им е забава настрана.

Неверство поради одмазда

Дури и кога ќе прости, доколку мажот ја изневерил, таа ќе се потруди да не му остане должна. Кога не може искрено да прејде преку неговото неверство, наместо да ја прекине врската, ќе го изневери.

Никогаш вистински не сакала

Жените некогаш стапуваат во брак од погрешни причини. Можеби во моментот едноставно ѝ била потребна емоционална или материјална поддршка или не сакала да биде осамена, или, пак, помислила дека тие емоции се љубов. Психолозите велат дека кога се случуваат вакви ситуации, жените на крајот воглавно ги изневеруваат партнерите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг