Ериксен се вратил во Милано

Макфакс

03/08/2021

18:57

2.068

Големина на фонт

а а а

Според повеќе италијански медиуми, Кристијан Ериксен се вратил во Милано и веќе се сретнал со генералниот директор на Интер, Бепе Марота.

Според „Скај спорт“ и „Ил кориере дело спорт“, Данецот, кој колабираше на теренот поради срцев напад на 12 јуни на првиот меч на Данска на Европското првенство, се јавил на работа и покрај здравствените проблеми и сега следуваат низа нови медицински тестови пред потенцијалното враќање на теренот.

29-годишниот Ериксен не може да игра во Серија А според правилата на италијанската федерација додека во телото му е вграден минијатурниот дефибрилатор, кој сигурно ќе остане вграден барем во следните 6 месеци.

Ериксен дојде во Интер од Тотенхем во јануари 2020 и по спориот старт на кариерата, минатата сезона беше еден од клучните фудбалери на „нераѕурите“ кои стигнаа до првата титула од Серија А по 11 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг