(Видео) Мисица предизвикала хаос: Тепала жена на паркинг

Точка

03/08/2021

13:57

4.733

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се шири снимка од тепачка меѓу поранешната мисица на Белгија Тања Декстер и нејзиното момче, со друг пар на еден паркинг.

Повод за тепачката во Марбеља бил спор околу паркинг место, а интересно е што паровите кои се тепале на улица, пред тоа наводно уживале заедно во ресторанот.


Тања со другата жена се степала откако парот ги обвинил неа и нејзиното момче Михаел Питерс дека намерно бавно излегуваат од паркингот. Уследила кратка расправија која резултирала со тепачка.


Адвокатот на Тања, Омар Соуиди, за медиумите изјавил дека расправијата прераснала во физички судир кога возачот и неговата девојка излегле од автомобилот, и дека во тепачката никој не бил потешко повреден.


Инцидентот можете да го видите на приложеното видео.



Спонзорирани линкови

Маркетинг