Холандската кралица спаѓа во најдобро облечените дами на Стариот континент поради интересните модни изданија.
Холандското семејство отишло на долгоочекуван одмор, а дестинацијата која ја избрале е Грција.
Тие заедно со свои блиски пријатели уживаат во грчката природа и крајбрежјата, а папарацо фотографите постојано ги следат.
Па така благодарение на нив имаме можност да видиме како ова весело семејство си поминува на летување, но и какви модни изданија носи Максима од Холандија надвор од нејзината зона на комфор.
Сопругата на холандскиот крал прво била видена во преубав бел, летен фустан кој го носела над бикинито додека шетала боса.
Таа изгледала совршено во полупроѕирниот бел фустан за на плажа во духот на традиционалните приказни за грчките божици...
Второто издание во кое можеме да ја видиме е интересен макси фустан и шик детаљ - марамата која ја носела на главата.
Едно е сигурно - дека таа каде и да се појави изгледа фантастично и секогаш ги освојува луѓето.