Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Макфакс

02/08/2021

18:41

4.127

Големина на фонт

а а а

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри азил по контроверзите кои се случија на Олимпијадата во Токио.

„Кристина Циманускаја е во директен контакт со полските дипломати во Токио и ќе и биде одобрена хуманитарна виза. Полска ќе помогне да ја продолжи спортската кариера“, објави помошникот министер за надворешни работи на Полска, Марчин Пшидач.

Цимаунскаја во неделата се побуни против белорускиот олимписки комитет, откако и наредиле да трча на 4х400 метри, иако нејзината дисицплина е 200 метри, и таа ги критикуваше властите за недостаток на допинг-тестирање. По ова, таа беше забележана на аеродромот во Токио во придужба на два члена на белорускиот комитет, но изјави дека е киднапирана и спротивно на нејзината волја сакаат да ја вратат во Белорусија.

По ова, таа побара азил во европските земји, пред Полска да и го овозможи ова и да и визира билет за Полска на 4 август. Инаку, претседател на Олимпискиот комитет на Белорусија веќе 25 години е претседателот на државата Александер Лукашенко, а неговиот син Виктор е потпретседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг