(Видео) Воздушната флота во борба со огнената стихија: Руски, азербејџански и ирански авиони ги гаснат пожарите во Труција

Точка

31/07/2021

20:26

6.856

Големина на фонт

а а а

Руската Федерација, Азербејџан и Иран испратиле свои летала во Турција за да им помогнат на тамошните пожарникари да ја запрат огнената стихија што проголтува шуми, куќи долж егејскиот брег, но и во внатрешноста.

За големината на пожарот говори и тоа што Руската Федерација испратила три специјализирани авиони за гаснење на пожарот околу Мармарис, а денеска во Турција слетал и Илушин 76 од Службата за вонредни ситуации, која учествува во гаснење на пожарот.

Сличен авион испратил и Иран, а авионите се полнат со вода од цистерна на аеродромот, додека амфибиските авиони „Бериев Бе-200“ слетуваат на море.

Колку е сериозна ситуацијата со пожарите покажува и видеото што се појави на социјалните мрежи, на кое се гледа како авионот „Бериев Бе -200“ полетува по земање вода додека едрилица минува од непосредна близина, каде што луѓето поради вревата и полетувањето почнуваат да врескаат додека авионот брза да фрли тони вода врз огнот.

Во гаснењето на пожарот засега се ангажирани и хеликоптери од турската Жандармерија.

Како што беше објавено, руското Министерство за одбрана и Руската служба за вонредни ситуации одлучиле да одговорат на турското барање за помош со испраќање на вкупно 11 авиони да учествуваат во гаснењето на пожарот. Засега четири руски, еден азербејџански и еден ирански авион се ангажирани на првата линија во борбата против огнената стихија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг