Борис Џонсон повторно ќе стане татко: Британскиот премиер го чека своето 7-мо дете

Точка

31/07/2021

19:28

2.738

Големина на фонт

а а а

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена. Давајќи изјава на својот Инстаграм профил, таа рекла дека парот очекува дете овој Божиќ.

Парот кој се венчаше на тајна церемонија во Вестминстерската катедрала пред два месеци, го доби своето прво дете на 29-ти април 2020 година. Момчето го доби името Вилфред Лаври Николас Џонсон, во чест на лекарите кои го спасија премиерот од Ковид-19.

33-годишната сопруга на Џонсон открила и дека оваа година имала спонтан абортус, поради што нејзиното срце било скршено.


„Се чувствувам неверојатно благословена што сум повторно бремена, но се чувствував и како вреќа нерви“, вели таа. „Прашањето за плодност може да биде навистина тешко за многу луѓе, особено кога на платформи како Инстаграм може да изгледа дека сè оди добро“, рече таа.

Борис Џонсон имаше два неуспешни брака кои завршија поради неговите афери. Од бракот со Марина, Борис има четири деца: Лара (26), Мило Артур (24), Касија (22) и Теодора (20).


Премиерот во 2009 година доби вонбрачно дете со Хелен Мекинтајер, по што следуваа години на правна борба за да се сокрие таа информација од јавноста. Меѓутоа, Апелацискиот суд во 2013 година заклучи дека јавноста има право да биде известена за тоа бидејќи Џонсон е јавна личност.

Ова ќе биде седмо дете за премиерот Џонсон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг