Непријатна глетка: Расфрлена облека, "летале" делови од автобусот во кој биле повредени Срби

Точка

30/07/2021

19:40

4.612

Големина на фонт

а а а

Седум државјани на Србија се повредени откако туристички автобус се превртел на автопат во Германија. Како што е потврдено од амбасадата, во несреќата се повредени српски студенти, но не се во животна опасност.

"Никој од повредените не е во животна опасност и сместени се во болница поради понатамошни прегледи и евентуална интервенција", рекле од Српската амбасада.

Несреќата се случила во близина на градот Шенвалд во Бранденбург, а во акцијата за спасување биле вклучени шест хеликоптери и повеќе од 60 возила.


Автопатот бил затворен за сообраќај па се создале километарски колони.

Сѐ уште не е познато како дошло до превртување на автобусот. Според некои наводи, возачот сакал да сврти кон одмаралиште, каде од непозната причина удрил во банкина, а потоа се превртел на тревната површина крај патот.


На лице место била страшна глетката. Автобусот бил уништен, стаклата искршени, а куферите и торбите исфрлени. Наоколу се забележува облека и делови од автобусот.

Во возилото како што наведуваат германските медиуми имало 19 лица, 17 патници и двајца шофери на возраст од 21 до 64 години. Во возилото имало Срби, Швеѓани, Израелци и Германци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг