Во Германија се превртел автобус од Србија, повредени се 17 лица

Точка

30/07/2021

14:32

4.715

Големина на фонт

а а а

На Германскиот автопат А13 помеѓу Стаков и Фрајвалд, во сојузната држава Бранденбург, се претвртел автобус од Србија. Во него имало 34 патници, а 17 биле повредени.

Тешко повредените биле веднаш пренесени во болницата во Котбус и Берлин, пренесува Билд.

Според првичните информации, станува збор за автобус од Србија кој пренесувал патници од Германија, Шведска, Израел и Србија.

Како што пренесуваат медиумите, автобусот бил возел од Белград преку Берлин за Стокхолм, па имало многу меѓународни патници. Во автобусот имало двајца Израелци, еден Швеѓанец, шест Германци и седум Срби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг