Необични албино желки го освојуваат интернетот - можат да бидат совршени домашни миленичиња

Точка

30/07/2021

18:00

3.003

Големина на фонт

а а а

Шансите дека некаде ќе сретнете албино животно се речиси рамни на нула, но доколку тоа се случи ќе се уверите дека изгледаат како магични суштества од бајките. Ова тврдење особено се потврдува со оваа мала галерија на фотографии од необични албино желки.

Мајк, сопственикот на неколку албино желки за Брајт Сајт ја раскажа приказната како за првпат купил желка кога имал 24 години:

"Веднаш се заљубив во нивниот изглед, не можев да поверувам дека постои такво нешто. Малите жолти желки ми го украдоа срцето".


Тој додал дека желките се одлична алтернатива за сите они кои поради алергија или други причини не можат да чуваат куче или маче. Тие се нежни и покажуваат љубов кон сопствениците. Иако се многу ретки, можат да бидат припитомени и посвоени како домашни миленичиња.


"Албино желките се поразлични од зелените. На пример, зелените обично се кријат и бегаат од луѓето, избегнуваат контакт. Малите жолти желки имаат послаб вид, не се кријат и многу се друштвени. Поради својата боја привлекуваат внимание кај предаторите, па поради тоа се чуваат една со друга за да се заштитат", рекол Мајк.




Спонзорирани линкови

Маркетинг