Во Кина се појави ново корона-жариште: "Најголема зараза по Вухан"

Точка

30/07/2021

20:15

5.955

Големина на фонт

а а а

Жариштето на ковид-19 откриено во Нанјинг се проширило во пет кинески покраини и Пекинг, а државните медиуми тоа го нарекле "најголема зараза по Вухан".

Според државните податоци, заразени се речиси 200 луѓе откако вирусот бил детектиран на аеродром на 20-ти јули.

Сите летови од аеродромот Нанјинг ќе бидат сопрени до 11-ти август, пренесува "Global Times".

Службениците исто така започнале со масовни тестирања по критиките поради нивниот "неуспех".

Сите 9,3 милиони жители на градот, вклучувајќи ги и оние кои дошле да го посетат Нанјинг, ќе бидат тестирани, објавила државата новинска агенција "Xinhua".

Властите веруваат дека жариштето е поврзано со позаразната, делта варијанта на коронавирусот и дека заразата се проширила по откривањето на вирусот на еден аеродром.

Вирусот се проширил во најмалку 13 градови. Управата на аеродромот била казнета, а дисциплинското тело на Комунистичката партија утврдило дека постоеле проблеми "како недостиг на надзор и непрофесионално управување".

Тестирањата покажуваат дека вирусот сега се проширил во најмалку 13 градови, вклучувајќи ги Ченгду и престолнината Пекинг.

Локалните службеници во Нанjинг наведуваат дека седум заразени се во критична состојба. Некои на кинеските социјални мрежи ја довеле во прашање делотворноста на кинеската вакцина против делта варијантата.

Не се знае дали заразените ќе бидат вакцинирани. Бројни земји во југоисточна Азија кои се потпираат на кинеската вакцина неодамна објавиле дека ќе користат вакцини на други произведувачи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг