Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Макфакс

30/07/2021

10:21

4.500

Големина на фонт

а а а

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути, бил уапсен 43-годишен арачиновец кој бил осуден за меѓународна недозволена трговија со наркотици.

Како што информираат од МВР, во акцијата учествувале Единицата за внатрешни работи-ОКР Кисела вода, во содејство со Специјалната антитерористичка единица.

Четириесет и тригодишникот со иницијали С.Ј. се барал по распишана меѓународна потерница и наредба издадена од затворот Идризово, за доиздржување на казна затвор од 3 години 5 месеци и 8 дена.

Тој бил осуден на затворска казна од вкупно 6 години и 6 месеци за меѓународна недозволена трговија со наркотици и ќе биде предаден во Идризово за доиздржување на казната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг