Германка добила на лотарија, но заборавила да го провери ливчето: Било вредно 33 милиони евра, го носела во чанта со недели, а потоа...

Точка

30/07/2021

21:00

12.589

Големина на фонт

а а а

Официјални претставници на лотаријата велат дека една жена во Германија со недели носела добитно ливче во чантата, дури и без да знае дека вреди околу 33 милиони евра (околу 39 милиони долари).

Како што соопштиле во средата, 45-годишната жена е единствена која е добитничка на извлекувањето на 9-ти јуни, имала точни 7 погодоци на ливчето на германската лотарија, пренесува „AP“.

„И понатаму ми се врти во глава помислата дека пред неколку недели невнимателно носев речиси 33 милиони евра во чанта“, рекла кога конечно сфатила дека е добитничка.

Мајката на едно дете по случаен избор ги избрала броевите на билетот за лотарија од 1,20 евра и не планирала да игра повторно, велејќи дека добивката е 'повеќе од доволна за нејзиниот сопруг', соопштила компанијата.

Исто така е соопштено дека таа планира оваа огромна сума да ја искористи за здрав живот и да направи повеќе за животната средина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг