Еквадор му го одзема државјанството на Асанж

Точка

28/07/2021

13:21

2.166

Големина на фонт

а а а

Еквадор му го одзема државјанството на Џулијан Асанж, основачот на "Wikileaks" кој моментално се наоѓа во британски затвор.

Еквадорскиот правосуден систем официјално ја известил Австралија во вторникот за поништувањето на неговата натурализација, во писмото кое уследило како одговор на барањето поднесено до министерството за надворешни работи на таа јужноамериканска држава.

Според еквадроскиот закон, натурализацијата се смета за штетна кога е одобрена на основа на прикривање на релевантни факти, лажни документи или измама.


Еквадорските власти тврдат дека писмото на Асанж за барање на натурализација има бројни недоследности, разни потписи, евентуални измени во документите и неплатени даноци.

Карлос Поведа, адвокатот на Асанж, за "AP" изјавил дека одлуката е донесена без соодветен процес и дека на Асанж не му било дозволено да се појави на рочиштето.


Поведа рекол дека во жалбата ќе бара објаснување на одлуката на еквадорската власт.

"Се поставува прашање за почитување на правото и за законските процеси при одземањето на државјанството", рекол тој.


Асанж добил еквадорско државјанство во јануари 2018-та година во рамките на неуспешниот обид на владата на тогашниот претседател Ленин Морено да му одобри дипломатски статус за да го извлече од еквадорската амбасада во Лондон.

Во понеделникот судот за решавање на административни спорови во еквадорската покраина Пичинча ја повлекол таа одлука.


Еквадорското министерство за надворешни работи соопштило за "AP" дека судот делувал независно и ги почитувал правилата на процесот кој го започнала претходната влада.

Асанж се наоѓа во лондонскиот строго чуван затвор Белмарш откако бил уапсен во април 2019-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг