Се возело и со 213 километри на час, 297 возачи казнети за брзо возење на територијата на државата

Макфакс

28/07/2021

11:57

1.394

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 297 возачи.

Според информации од МВР, забележан е возач со брзина од 213 километри на час.

Полицијата соопшти дека 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг