Џеј Ло и Бен Афлек уживаат на луксузна јахта од 130 милиони долари: На истото место летува и нејзиниот поранешен вереник!

Точка

27/07/2021

19:55

11.497

Големина на фонт

а а а

Откако ја обновија врската, Џенифер Лопез и Бен Афлек решиле да одат на луксузен одмор и да уживаат во јахтата закотвена во Сен Тропе.

Имено, по заедничките вечери во Холивуд, дошло време за поексклузивен одмор, па се упатиле кон Франција. Тие ја одбрале оваа дестинација за да го прослават нејзиниот 52-ри роденден и не се двоумеле да си го дозволат најдоброто можно „сместување“.


Џенифер и Бен неколку дена поминале на луксузна јахта, чија вредност се проценува на 130 милиони долари. Кога се работи за изнајмување на оваа јахта, цената е милион и сто илјади долари за една недела.


Интересно е дека и поранешниот вереник на Џеј Ло, Алекс Родригез исто така изнајмил јахта во истото луксузно летувалиште.




Спонзорирани линкови

Маркетинг