Младиот тинејџер кој леташе со Безос во вселената во текот на патувањето признал: „Никогаш ништо не сум нарачувал преку Амазон“

Точка

24/07/2021

16:35

8.357

Големина на фонт

а а а

Тинејџерот којшто стана најмладиот вселенски патник на светот, го изненади милијардерот Џеф Безос велејќи му дека никогаш ништо не нарачал од „Амазон“.

„Му кажав на Џеф дека всушност никогаш ништо не сум купил преку Амазон“, изјавил Димен за „Ројтерс“.

Безос изненадено му одговорил дека досега не слушнал дека некој тоа го кажал.


Димен, кој беше избран откако вториот кандидат платил 28 милиони долари за летот и морал да се откаже од истиот, а младото момче дознало дека всушност тој ќе лета во вселената додека со семејството било на одмор во Италија.

„Ми се јавија и ми рекоа - дали сè уште сте заинтересирани? Одговорив - да, да, да“.

Димен сонувал за вселенските патувања од малечок, го следел развојот на компанијата за истражување на вселената и од младоста добил пилотска дозвола.

„Мислам дека не сфатив ништо додека бев во ракетата: О, па ова навистина се случува“, изјавило момчето.

„Тоа беше крајната, крајната цел... Но, никогаш не мислев дека тоа ќе биде толку брзо“.


Момчето додало и дека не е сигурно што сака да прави подоцна во својот живот, но дека сериозно ќе ја разгледува и можноста за кариера во вселенските патувања.

Прашан како било на патувањето со ракетата со милијардерот, одговорил низ широка насмевка: „Сите беа супер и забавни и сите цврсто на Земјата, колку и тоа да звучи смешно“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг