Во ерата на силиконските убавици, Французинките на Кан покажаа дека природната убавина нема алтернатива

Точка

23/07/2021

14:14

6.562

Големина на фонт

а а а

Неодамна заврши Канскиот филмски фестивал, една од најпрестижните манифестации во светот на шоубизнисот и уметноста, а во морето на гламур, раскош, скапи креации и провокативни изданија, посебен впечаток оставија француските дами.

Французинките во една ера на пренагласен сексапил и инсистирање на едниот ист тип на убавина кој неретко подразбира совршени пропорции, минимум несовршености и лице како по калап на пластичен хирург, покажаа дека харизмата, самодовербата и природната, автентична убавина немаат алтернатива.

Како никогаш претходно, во Кан оваа година воочлива беше доминацијата на Французинките во однос на сите други дами - тие пленеа со својата ноншалантна заводливост и убавина која ја слави уникатноста и нè потсетува на тоа дека истата е поврзана со фината енергија која нè краси одвнатре.


Уверени сме дека француските дами, токму како и холивудските ѕвезди, активно работат на својот изглед и не веруваме дека се имуни на естетските корекции, но тие нѝ покажаа како треба истите да изгледаат - ноншалантно и природно, со цел лицето да остане исто, со посебен печат и со по некоја брчка, со несовршено лице, заби и усни... Широко се смејат и не ги поправаат своите маани туку ги претвораат во свој личен печат.


Дури и нивниот стил се разликува од сето она што имавме прилика да го видиме на престижните манифестации - Французинките се едноставни, сведени, лојални на класиците и оставаат нивната личност да говори наместо нивните модни избори. Не тежнеат кон скандали на црвениот тепих туку ја слават исконската елеганција и женственост.

Ова се само дел од убавите Французинки кои присуствуваа на овогодишниот Кански филмски фестивал:




Спонзорирани линкови

Маркетинг