Видео: Момче тепа девојка во Куманово, а потоа добива котеќ од друго момче - се огласи и МВР

Точка

22/07/2021

10:25

21.295

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи вчера се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како момче тепа девојка во Куманово.

На снимката се гледа како тој ја шутира и ја мава девојката, пред целата ситуација да ја забележи друго момче кое доаѓа да му врати со иста мера.

Настанот се случил зад Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а за истиот се огласија и од МВР:

„Во врска со случајот на насилство во Куманово кој денеска се споделува на социјалните мрежи, СВР Куманово презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката. Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од министерството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг