Славната 23-годишна тенисерка ја краси насловната страница на Спортс Илустрејтед

Точка

20/07/2021

15:43

5.406

Големина на фонт

а а а

Јапонската тенисерка, Наоми Осака се најде на насловната страница на магазинот Спортс Илустрејтед. 23-годишната Осака ќе ја претставува Јапонија на Олимписките игри во Токио, а покрај тоа што е успешна тенисерка, стана и модна икона.

Таа се појави на насловната страница на магазинот Спортс Илустрејтед и тоа во костим за капење. Четирикратната освојувачка на Гренд Слем позира во асиметричен едноделен костим за капење со провидни делови, дополнувајќи го изгледот со обетки во вид на морски школки.


"Не се сомневаме дека Наоми е една од најдобрите спортистки на светот, а местото на насловната е логично. Претходните години освојувала титули и сега оди на Олимписки игри, но ние ја славиме Наоми поради нејзината страст и сила постојано да руши бариери кога станува збор за еднаквост, општествена правда и психичко здравје", изјави уредникот Емџеј Деј.


Осака моментално е втора најдобра тенисерка на светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг