Животната приказна на Ангела Меркел: Германците ја нарекуваат „мама“, живее во изнајмен стан, сама купува намирници и обожува машки соблекувални

Точка

16/07/2021

16:51

6.387

Големина на фонт

а а а

Ангела Меркел е една од најмоќните жени на денешницата. Таа обожува фудбал и наука и познато е дека има паничен страв од кучиња.

Ова се неколку малку познати факти за германската канцеларка:

- Додека студирала, Ангела работела како бармен на студентските диско забави.

- Дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. Некои велат дека го постигнала својот успех како политичарка затоа што им пристапува на проблемите од научен, аналитички агол.

- Германците од милина ја нарекуваат „мама“.


- Откако се развела од првиот сопруг, живеела во илегален стан во близина на железничката станица. На нејзиниот 30-ти роденден, нејзиниот татко отишол да ја посети и разочарано ѝ кажал: „Не стигна баш далеку“.

- Ноќта кога паднал Берлинскиот ѕид, во ноември 1989 година, Меркел имала 35 години. За да го прослави тој голем настан, отишла во сауна, подоцна малку прошетала и испила едно пиво. Брзо се вратила дома за да се одмори бидејќи наредниот ден бил работен. Сите останати во Германија биле во екстаза која траела сè до утринските часови.

- Нејзиниот сопруг Јоаким Зауер е професор на Берлинскиот универзитет. Тој не сака публицитет, па дури не се ни појавил на нејзината инаугурација во 2015 година. Сака опера и прошетки, а лета со евтини авио летови и тогаш кога му е дозволено да лета со официјалните авиони на Ангела. Поради неговиот интерес за опера, а недостатокот од истиот за појавување во јавноста, Германците го нарекуваат „Фантомот од операта“.


- Меркел е одлична готвачка. Таа обожува да подготвува колач од сливи и често е видена како купува намирници во супермаркет. Има обичај секое утро да му подготвува појадок на својот сопруг.

- Се зборува дека живее во изнајмен стан заедно со Зауер.

- Во 1995 година ја гризнало куче, по што развила силен страв кон овие животни. Постојат приказни дека Путин во текот на службените посети на Меркел, често ја запознавал со своите домашни миленици - кучињата.

- Меркел обожува фудбал и често влегува во машките соблекувални за да им ја честита победата на фудбалерите. Се зборува дека во текот на една таква изненадна посета, случајно го видела гол Бастијан Швајнштајгер.


- Минатата година беше забележано исклучително лошата здравствена состојба на Ангела. Во текот на службените посети, канцеларката се тресела, а Германците се сомневаа дека станува збор за рани знаци на Алцхајмер или алкохолизам.

- Меркел утре ќе го прослави својот 66-ти роденден.