Научниците развиле маска која може да покаже дали лицето е заразено со коронавирус

Точка

29/06/2021

11:54

5.221

Големина на фонт

а а а

Инженерите од МИТ универзитетот и Харвард развиле заштитна маска, со помош на која за 90 минути може да се открие дали тој што ја носи е заразен со коронавирус, соопштил Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ).

Во маските се вградени еднократни сензори кои може да се вградат и во други маски за лице, а може да се прилагодат и за откривање на други вируси.

Сместени се во внатрешната страна на маската и можат да откријат вирусни честички во здивот, а дизајнирани се така што корисникот може да ги активира кога ќе подготвен за спроведување на тестот.


Резултатите поради приватност се покажуваат само на внатрешната страна на маската.

Развојот на сензорите кои се користат во новата маска почнал пред неколку години. Претходно биле користени за откривање на инфекции со ебола или зика.

"Овој тест е чувствителен исто како и стандардниот ПЦР тест, но е брз како антигенските тестови кои се употребуваат за брза анализа на "ковид-19"", рекол научникот од Харвард, Питер Нјуген.


Научниците побарале патент за новата технологија и се надеваат на соработка со компаниите за понатамошен развој на сензорите.

"Се надеваме дека оваа платформа би можела да поттикне нова генерација на носиви биосензори за итна служба, здравствен и воен персонал", рекол професорот по медицинско инженерство и наука на МИТ, Џејмс Колинс.