Пендаровски со поддршка за ЛГБТ заедницата: „Почит кон различностите“

Макфакс

26/06/2021

16:50

1.413

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски и првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, денеска беа дел од втората по ред Парада на гордоста во Скопје, која се одржа под слоганот „Вон ѕидовите!“.

„Почит кон различностите. Да не ги стигматизираме и да не ги изолираме луѓето поради нивната сексуална ориентација. Секој има право на избор“, порача претседателот во објава на социјалните мрежи, во чиј прилог постави и галерија со фотографии од денешниот настан за поддршка на ЛГБТ заедницата.

„Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество“, соопштија претходно организаторите на втората Парада на гордоста.

Почит кон различностите.

Да не ги стигматизираме и да не ги изолираме луѓето поради нивната сексуална ориентација. Секој...

Posted by Stevo Pendarovski on Saturday, June 26, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг