(Фото+Видео) Во центарот на главниот град се развеа знамето на виножитото: Втора парада на гордоста во Скопје

Точка

26/06/2021

13:03

10.772

Големина на фонт

а а а

Со транспаренти, знаменца и стотици луѓе, во паркот Жена борец започна втората парада на гордоста во Скопје.

Учесниците на парадата ќе маршираат низ центарот на градот, покрај Владата сè до Градскиот парк.

„Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество“, се вели во соопштението испратено до јавноста.

Претседателот Стево Пендаровски, министeрката за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и лидерката на ДОМ Маја Морачанин се меѓу оние кои дадоа поддршка со лично присуство на парадата.


Настанот е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Парада на гордоста во Скопје

Парада на гордоста во Скопје

Parada e krenarisë në Shkup

Posted by TV21 on Saturday, June 26, 2021


Фото: 360 степени



Спонзорирани линкови

Маркетинг