Делта сојот ќе стане доминантен во Грција до крајот на август

Макфакс

24/06/2021

17:57

1.705

Големина на фонт

а а а

Делта сојот на Ковид-19 се очекува да стане доминантен во Грција до крајот на август, поради што населението треба да се вакцинира, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), Панајотис Аркуманеас.

Тој за телевизијата „Скај“ изјави дека 11 случаи на делта биле откриени во Атина, а таа варијанта е присутна и на Крит и Коринт.

„Веќе утврдивме дека има 11 случаи на делта сојот, а денес очекуваме податоци и за повеќе случаи. Оние кои не се вакцинирани се изложени на ризик“, рече Аркуманеас, додавајќи дека мутираниот тип на коронавирусот е заразен за 50 до 60 проценти повеќе, објави „Катимерини“.

Грција одржува итен состанок на високо ниво за да утврди стратегија за запирање на ширењето на делта варијантата, и се очекува да присуствуваат голем број високи здравствени функционери, како и членот на кабинетот на премиерот, Акис Шеркос.

„За да го поминеме летото, мора да се вакцинираме“, додаде Аркуманеас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг