Новиот делта сој се шири низ Австрија, прогнозите не се оптимистични

Точка

24/06/2021

19:45

4.616

Големина на фонт

а а а

Здравствените експерти претпоставуваат дека делта сојот од коронавирусот порано или подоцна ќе доминира во Австрија. Скратен е периодот меѓу вакцинирањето од шест на три недели, за да се имунизираат повеќе луѓе.

Индиската делта варијанта на коронавирусот се шири низ Австрија. Досега се забележани 361 случај од тој сој. Здравствените експерти не даваат оптимистички прогнози во поглед на ширењето сојот. Се претпоставува дека оваа мутација порано и подоцна ќе доминира во Австрија. Во овој момент се работи на забавување на ширењето. Добра вест е тоа што, според досегашните сознанија, вакцинирањето нуди добра заштита.

Некои Сојузни држави одлучиле да го забрзаат вакцинирањето за во пократок рок да се имунизира што поголем број на луѓе. Го скратиле периодот меѓу првото и второто вакцинирање со мРНА вакцини од шест на четири недели. Моментално се подготвува скратување на три недели.


Во Долна Австрија се одлучиле за поинаков пристап кон делта сојот. Тие не ја скратиле временската дистанца меѓу вакцинирањето, туку се потпираат на барање на контактите. Меѓутоа, од терен дошле дојави дека матичните лекари веќе почнале да реагираат за да го намалат периодот меѓу двете дози. Ги повикуваат пациентите по втората доза да дојдат порано.

Градот Виена и натаму ќе се придржува на претходните интервали, 5-6 недели за "Pfizer", 11-12 недели за "AstraZeneca". Градоначалникот Михаел Лудвиг предупредил дека е прерано да се прогласи крај на пандемијата. Со оглед на тоа дека експертите во голема мера се многу внимателни, Лудвиг исто така сака да биде внимателен. Уште е тешко да се процени развојот на делта сојот. Се смета дека тој е поагресивен и 100 проценти позаразен од изворниот вирус.


Во Виена, без доказ за вакцинација, негативен тест или сертификат за прележан вирус, оневозможен е пристап до социјални содржини и спортски активности, па и до работното место и образовните установи.

Инаку ситуацијата со заболените од коронавирус во Австрија е стабилна. Во целата земја моментално има 2,419 активни случаи, од кои 117 новозаразени има во последните 24 часа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг