Студија од Оксфорд: Две вакцини успешно ефикасни од зараза од делта сојот на коронавирусот

Точка

23/06/2021

14:32

8.193

Големина на фонт

а а а

Делта варијантата на коронавирусот станува глобално доминантна верзија, велат од СЗО.

Студија од Универзитетот Оксфорд покажа дека вакцините против коронавирусот - „АстраЗенека“ и „Фајзер“ се многу ефикасни против делта сојот на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Објавено било дека антителата во крвта на луѓето кои се вакцинирани со двете дози на споменатите вакцини имаат имунитет на делта сојот на коронавирусот.


Минатата седмица анализата на јавното здравје во Англија покажала дека вакцините на произведувачите „Фајзер“ и „АстраЗенека“ покажуваат висока заштита од над 90 отсто од делта сојот на коронавирусот.

„Охрабрени сме да ги видиме резултатите од Оксфорд. И овие податоци заедно со анализата од здравството на Англија се позитивен показател дека нашата вакцина може да има значајно влијание на делта варијантата на коронавирусот“, изјавил извршниот директор на „АстраЗенека“, Пангалос.


Истражувачите од Оксфорд исто така анализирале обрасци од повторни инфекции на луѓето кои и претходно биле заразени со коронавирусот.

Ризикот од повторна инфекција со делта сојот бил поголем кај луѓето кои претходно биле заразени со бета и гама сојот на вирусот кои се појавија во Јужна Африка, односно во Бразил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг