Матичниот клуб му честиташе на Пандев: „Од дете на ФК Беласица до најдобриот македонски фудбалер во историјата!“

Точка

22/06/2021

20:30

3.074

Големина на фонт

а а а

По 20 години кариера и 122 натпревари Горан Пандев замина во репрезентативна пауза.

Пандев е нашиот најдобар стрелец во историјата, а против Холандија ги одигра последните минути во дресот на мекедонската фудбалска репрезентација, па откако го оствари својот сон се прости од репрезентацијата.

Своите фудбалски почетоци Пандев ги имаше во тимот на Беласица, од каде замина во Италија и играше за повеќе тамошни фудбалски клубови, па едноставно испиша историја.

Поради тоа, неговиот матичен клуб Беласица на социјалните мрежи му ја честиташе успешната фудбалска кариера репрезентативниот дрес.

Објавата ви ја пренесуваме во целост:

„Од детето на ФК Беласица - до најдобриот македонски фудбалер во историјата! Вчера, Гранде Горан за последен пат играше во светиот македонски репрезентативен дрес. По две децении, Пандев од репрезентацијата се опрости како рекордер во број на настапи (122), рекордер во број на постигнати голови (38) и како апсолутна легенда, голем капитен и најдобар македонски фудбалер во историјата. Стоечки овации на стадионот „Јохан Кројф“ и поклон до земја од сите македонци и цел свет. Сосема заслужено. Гоче, ФК Беласица, твојот матичен клуб е гордост твоја, па така догодина, големиот јубилеј од 100 години постоење на клубот да го прославиме заедно, со великанот на македонскиот фудбал! Честитки за големата и успешна кариера во репрезентативниот дрес!“.

Од детето на ФК Беласица - до најдобриот македонски фудбалер во историјата!

Вчера, Гранде Горан за последен пат играше...

Posted by FK Belasica on Tuesday, June 22, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг