Ето: Би го донел Рамос во Барселона

Дерби

22/06/2021

13:59

944

Големина на фонт

а а а

Легендарниот камерунски напаѓач, Самуел Ето кој остави голема трага во Европа играјќи и освојувајќи титули во многу клубови имаше отворено интервју за реномонираниот „АС“ во кое говореше отворено на неколку теми, а меѓу беше и за Серхио Рамос кој по скоро две децении си заминува од Реал Мадрид.

Стоперот си оди „Сантијаго Бернабеу“ и додека траат шпекулациите каде би можел да се пресели големиот Ето порача дека сака да го види во ПСЖ иако тој лично би пробал да го донесе во Барселона.

-Се надевам Серхио ќе дојде во ПСЖ. Ако би можел би го донесел во Барселона. Ако отиде во ПСЖ ќе бидам среќен и знам дека ќе ни помогне да ја освоиме титулата во ЛШ што се покажа како многу тешко за нас, -вели Самуел кој е фан на „светците“.

Ето воедно се надева дека Лионел Меси ќе остане во Барселона.

- Знам дека Меси ја сака Барселона, дека нема проблеми и дека не станува збор за пари. Единственото нешто е проектот, кој мора да биде достоен и знам дека Жоан [Лапорта, новиот претседател] работи на тоа. Тој мора да ужива во времето што му преостанува, фудбалот тоа му го должи, не само на Барса. Тој ни даде сè, мора да ужива и да освојува титули. Меси е Бог и кога пред тебе е Бог треба само да му се восхитуваш, - порача иконата на африканскиот фудбал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг