Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Макфакс

22/06/2021

09:08

2.170

Големина на фонт

а а а

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Метју Палмер на видео конференција за евро-атланска интеграција на Балканот, во организација од „Грчки дом Давос“.

Како што објавиja медиумите во регионот, Палмер истакнал дека Соединетите Американски Држави се стремат кон мирен, стабилен и просперитетен Западен Балкан во ЕУ и дека САД и ЕУ се партнери во промовирање стабилност и борба против корупцијата во регионот.

Палмер ја истакнал важноста на продлабочување на односите меѓу Србија и Косово и забрзување на пристапот на Северна Македонија во ЕУ, потенцирајќи ја важноста на Грција како регионален играч, но и во поширокиот медитерански регион.

Покрај другите регионални лидери и амбасадори, на тркалезната маса присуствуваше и министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ѓорѓе Радуловиќ, кој истакна дека нема иднина за регионот освен европската, пренесуваат медиумите.

Според пишувањата на тркалезната маса присуствувал и косовскиот премиер Албин Курти, кој ја пофалил грчката демократија.

Учесниците, исто така, разговарале за потребата од зголемена политичка одговорност по пандемијата, заштита на независноста на судството и зголемување на учеството на младите во политиката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг