Решавање на проблемите по кратка постапка! Закана од претседателот на Филипини до граѓаните: Или вакцина или затвор

Точка

22/06/2021

08:47

943

Големина на фонт

а а а

Во земјата која има 110 милиони жители досега се потврдени повеќе од 1,3 милиони случаи на зараза со коронавирус, а починале повеќе од 23.000 луѓе.

Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, им се заканил со затвор на граѓаните кои одбиваат да примат вакцина против коронавирус.

"Вие одлучувате - или ќе се вакцинирате или ќе одите во затвор", рекол Дутерте во телевизиско обраќање, по извештајот за слабиот интерес за вакцинација на неколку локации во главниот град Манила.


Неговата изјава се коси со претходните пораки на здравствените службеници дека вакцинацијата е доброволна, пишува "Reuters".

"Не ме сфаќајте погрешно, во земјата владее криза. Огорчен сум од Филипинците кои не сакаат да ја послушаат владата", објаснил Дутерте.


Од 20-ти јуни на Филипините целосно се вакцинирани 2,1 милион луѓе, што е мал напредок со оглед на тоа дека целта на владата е до крај да имунизира до 70 милиони лица.

Во земјата која има 110 милиони жители досга се потврдени повеќе од 1,3 милиони случаи на зараза со коронавирус, а починале повеќе од 23.000 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг