Раиси ја отфрли можноста за средба со Бајден

Макфакс

21/06/2021

20:44

1.176

Големина на фонт

а а а

Новоизбраниот ирански претседател Ебрахим Раиси ја отфрли можноста за средба со американскиот претседател Џозеф Бајден.

На прашањето за можна средба со Бајден, Раиси само одговори: „Не“. Тој се намурти и загледа пред него, без да даде никакви детали, објави „Ројтерс“.

Тој изјави дека САД го прекршиле нуклеарниот договор од 2015 година и дека Европската унија не ги исполнила своите обврски.

„САД и ЕУ треба да ги исполнат своите ветувања според договорот“, рече Раиси во Техеран, на неговата прва прес-конференција по победата на изборите во петокот, пренесува „Ројтерс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг