Фатална навивачка: Арапски коментатор запеа среде натпревар кога ја виде оваа Русинка на трибините

Точка

19/06/2021

18:03

10.248

Големина на фонт

а а а

Освен што е собир на најдобрите селекции во Европа, ЕВРО 2020 дефинитивно ги собра и најубавите навивачки на националните тимови.

Ниту коментаторите ширум светот не можат да останат неми на сцените од трибините на стадионите на Стариот континент.

Токму тоа му се случи на арапскиот коментатор, кој ни помалку ни повеќе - запеа во програма во живо кога забележа преубава навивачка на Русија.

Единственото нешто што успеа да го каже на почетокот беше долго „а“.

После „Аааа“, за време на кое звучеше како да се расипал, успеа да се извлече со вистинските зборови.

Сепак, неговата инстинктивна реакција го привлече вниманието на многумина. Имаше навивачи кои беа воодушевени од неговиот потег, но постојат и такви кои ова однесување го оценија како несоодветно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг