Студија на НАСА предупредува на опасност по човештвото: Постои енергетска нерамнотежа, а ситуацијата е „алармантна“

Точка

18/06/2021

14:45

6.168

Големина на фонт

а а а

Новото научно истражување покажува дека Земјината „енергетска нерамнотежа“ е двојно зголемена од 2005 до 2019 година поради задржување на големата количина топлина, а ситуацијата е алармантна.

„Енергетскиот дисбаланс“ укажува на разликата меѓу тоа колку атмосферата на Земјата и површината апсорбираат сончева енергија, во споредба со тоа колку „топлинското инфрацрвено зрачење“ се одбива назад во вселената, објави британски „Guardian“.

Научниците потврдиле дека постои енергетска нерамнотежа, преку споредување на податоците на сателитските сензори кои следат колку енергија влегува и излегува од Земјиниот систем, како и податоците за светските океани.

Овој систем собира податоци кои се простираат ширум светот и овозможува „точна процена на брзината на загревањето на светските океани“.

Поради тоа што околу 90 отсто од вишокот енергија поради нерамнотежа допира до океаните, податоците на сензорите треба да одговараат на промените на температурата во океаните.

„Два многу независносложени начини на кои можат да се согледаат промените во енергетскиот дисбаланс на Земјата“, изјавил Норман Лоб, водечки автор на студијата и истражувач на НАСА.

Зголемувањето на емисијата на гасовите на стаклена градина ја задржуваат топлината во Земјината атмосфера, задржувајќи го зрачењето кое инаку треба да стигне во вселената.

Ова загревање поттикнува и други промени, вклучувајќи го и топењето на мразот и снегот. Зголемувањето на водената пареа и промените во облаците можат дополнително да го влошат таквото загревање, изјавиле од НАСА.

Студијата открила и дека ова е дупли резултат на делумното зголемување на гасовите на стаклената градина и водената пареа, како и намалување на облаците и мразот.

Студијата потврдила дека доколку стапката на „впивање“ топлина не забави, треба да се очекуваат значајни климатски промени.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг