(Видео) Фудбалскиот фер-плеј и респектот во прв план: Украинските фанови скандираа „МАКЕДОНИЈА“

Дерби

18/06/2021

13:17

6.049

Големина на фонт

а а а

Македонија и Украина одиграа еден навистина возбудлив и коректен натпревар во секој поглед, а фер-плејот не изостана и по крајот на мечот бидејќи сите актери на тернеот си честитаа за одличната фудбалска партија во Букурешт.

Селекторот Андриј Шевченко не штедеше комплименти за македонската фудбалска репрезентација и на својата прес-конференција, а дека атмосферата и пријателството меѓу украинските и македонските фанови беше на завидно ниво доказ е и видеото во кое се гледа дека Украинците на цел глас пееја за Македонија.

Видеото го објави еден од познатите украински новинари кои само сакаше да долови дека спортската и позитивна атмосфера е вистински победник по мечот меѓу Украина и Македонија, кој нас не остави без шанси за пласман во втората рунда на Европското првенство.

– РЕСПЕКТ и без зла крв…



Спонзорирани линкови

Маркетинг