Де Бур: Секако дека сме фаворити на ЕП

Макфакс

18/06/2021

13:12

1.440

Големина на фонт

а а а

Селекторот на Холандија, Франк Де Бур, по победата над Австрија и во пресрет на дуелот со Македонија, не го крие задоволството од она што го покажаа неговите играчи во првите два натпревари.

Холандија со победите над Украина (3:2) и Австрија (2:0), го обезбедија првото место во Ц-групата.

„Секако дека сме фаворити на ова ЕУРО! Одлично за нас е што по првите два натпревари се пласиравме во осмина-финалето. Задоволен сум, но мислам дека можеме уште да напредуваме во нашата игра. Покажавме разни квалитети, против Австрија. Бевме многу подобри дефанзивно, во однос на првиот меч.

Без да го коментира мечот против Македонија, кој ќе се одигра во понеделник, Де Бур рекол дека Холандија на ова ЕП не се плаши од ниту еден тим.

„Мораме да играме најдобро, кога играме така можеме секого да победиме. Мислам дека слично размислуваат и во другите тимови. Одиме натпревар по натпревар, па ќе видиме до каде ќе стигнеме“, заклучил Де Бур.



Спонзорирани линкови

Маркетинг