Англичаните ја направија првата замена на Европското првенство

Дерби

15/06/2021

17:36

2.076

Големина на фонт

а а а

Англичаните и официјално ја направија првата замена на Европското првенство, правило кое е специјално воведно за овој турнир со оглед на вонредните околности во кои се играше цела натпреварувачка сезона.

Според новото правило, сите селектори можеа да повикаат 26 наместо 23 фудбалери, со тоа што секоја направена замена ќе значи крај за играчот кој отпаднал од првичниот список.

Во дадената ситуација, станува збор за играч на Манчестер Јунајтед, чуварот на мрежата Дин Хендерсон кој поради повреда на колкот останува без шанса да настапи на Европското првенство.

– Поради проблеми со колкот кои го ограничуваат неговото движење и учество на тренинзите, Хендерсон го напушта кампот и го пропушта целиот турнир, – гласи лекарското соопштение на Англичаните.

Поради ова, Герет Саутгејт беше приморан да ја направи првата замена на Европското првенство, а местото на Хендерсон го зазема Арон Ремздејл од Шефилд Јунајтед.

Пред турнирот, Мејсон Гринвуд беше првиот играч на Манчестер Јунајтед кој доживеа шок и кој поради повреда остана без Европско првенство, а недоволно залечен во тимот е и Хари Мегваер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг