АМСМ во соработка со Биотек нуди ПЦР тестирање по ексклузивна цена

Точка

16/06/2021

08:58

5.820

Големина на фонт

а а а

АМСМ во соработка со Биотек нуди ПЦР тестирање по ексклузивна цена од 1.500 денари за индивидуално тестирање.

Од 16.06.2021 година (среда) и во текот на летниот период, АМСМ во соработка со Биотек ви нуди можност да направите PCR тест по ексклузивна цена од 1.500 денари за индивидуално тестирање. 

Ексклузивната цена на PCR тестот ја добивате со:

- Вадење на било кој од меѓународен документ за патување во странство, како зелен картон, меѓународна возачка дозвола, одобрение за управување со туѓо моторно возило и патничко осигурување или

- Класик или Европа Премиум членска картичка, со кои добивате бесплатна помош на пат и шлепување во земјата и било каде низ Европа. Бенефицираната цена за PCR тест можете да ја искористите и при online зачленување.

PCR тестот по ексклузивна цена можете да го искористите до 31.08.2021 година, за себе и за членовите на вашето потесно семејство.

Повеќе информации за PCR тестовите ќе најдете тука.

Комерцијален текст