Селфи од Марс: Кинескиот ровер на Земјата пратил одлични фотографии, но една е навистина епска

Точка

15/06/2021

15:42

6.479

Големина на фонт

а а а

Кинескиот ровер "Џуронг" кој слетал на Марс на 14-ти мај, пратил нови фотографии на Земјата, вклучувајќи и едно селфи.

Роверот нема продолжена рака, па се фотографирал сам себе така што ја фрлил камерата закачена за неговиот "стомак" десет метри и се сместил покрај платформата за слетување. Камерата безжично ги пренела фотографиите на роверот, кои потоа биле пратени на Земјата преку орбитерот "Тјанвен 1".


Кинеската национална вселенска агенција "ЦНСА" ги објавила фотографиите заедно со панорамски поглед од 360 степени на местото на слетувањето, кои "Џуронг" ги направил со навигациска теренска камера додека се уште бил на платформата, пренесува "Live Science".


На снимките се гледаат платформата и теренот на Утопиа Планитиа, прекриен со камења. "Џуронг" е лансиран во јули 2020-та година во рамките на мисијата "Тјанвен 1", а до Марс пристигнал во февруари оваа година. Се очекува да мине 90 денови мапирајќи го подрачјето, барајќи вода и мраз и проучувајќи ја површината и времето.


Орбитерот "Тјанвен 1" би требало да оперира најмалку една Марсовска година, односно 687 земјени денови.

По слетувањето на "Џуронг" на површината на Марс, Кина станала втората нација во историјата која успешно слетала на Црвената планета, по Соединетите Американски Држави.




Спонзорирани линкови

Маркетинг