Моден „дуел“ – Кејт Мидлтон и Џил Бајден за кој долго ќе се зборува: Чиј стајлинг е подобар?

Точка

13/06/2021

16:25

6.833

Големина на фонт

а а а

Војвотката од Кембриџ и првата дама на Америка уште еднаш покажаа дека со право ги сметаат за жени со стил.

Во рамките на самитот Г7 во Велика Британија, Кејт Мидлтон (39) се сретнала со првата дама на Америка Џил Бајден (70) која дошла во придружба на својот сопруг Џо Бајден.


Ова било првото службено патување на американскиот претседател и првата дама откако Џо стана првиот човек на Америка, а средбата на Џил со војвотката од Кембриџ привлекла големо внимание кај љубителите на модата.

Кејт и Џил го посетиле училиштето „Connor Downs“ специјализирано за работа со деца кои доживуваат разни облици на траума.


Кејт Мидлтон заблескала во женствен фустан со должина до под колената и нагласени раменици. Моделот на фустан кој ја истакнал нејзината совршена линија на тело е од креаторот Александар Меквин.

Перфектниот стајлинг го заокружила со салонки во беж боја и чанта во иста нијанса на боја.


Од друга страна, Џил која не се плаши од модните експериментирања, овојпат одлучила да носи ефектна комбинација на бел фустан со А крој, розово сако и потпетици со потпис на Валентино.


Чиј стајлинг повеќе ви се допаѓа?




Спонзорирани линкови

Маркетинг