Зоран Заев за српски „Курир“: „Првите милиони ги заработив од продажба на сушени црвени пиперки“

Точка

13/06/2021

11:49

4.504

Големина на фонт

а а а

Во интервју за српски „Курир“ премиерот Зоран Заев објаснил како го поминал патот од продавач на лубеници до најважната позиција во државата, каков однос имал со родителите, како ги заработил првите милиони...

„До мојата четврта година живеевме во селото Муртино каде се родени татко ми и мајка ми, а потоа се преселивме во Струмица. Мајка ми беше наставничка по биологија и хемија, а татко ми магационер. Сите, и родителите и мојот помлад брат Вице работевме во земјоделство“, вели Заев.


„Моето име потекнува од Србија, мојата младост е врзана за Србија, сè што сме правеле, целиот наш семеен капитал е поврзан со Србија. Првата девојка ја имав во Горњи Милановац. Преубавата Јелена. Ја запознав едно лето додека продавав лубеници, пиперки, домати и краставици во тоа место. Првиот екстра профит го заработив продавајќи прашок за алишта од Србија, а првите милиони кога во Србија ја продадов сувата пиперка.

Роден сум во Струмица на 8 октомври 1974 година од татко Панче и мајка Трајанка, Името го добив по еден Зоран од Горњи Милановац. Тој бил добар другар на мојот чичко Душко, па името ми го дале по него.

Првата голема заработка – 2,4 милиони марки од пиперки кои ги сушевме во Струмица, а му ги дававме на Хоргос за производство на сушен црвен пипер.


Во 2001 година во Суботица преговаравме за цената, квалитетот и стандардите. Договорот беше постигнат, профитот беше 2,4 милиони марки. Со тој капитал купивме циглана, а кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики.

И син ми и ќерка ми го знаат тоа, како и постарите членови од семејството. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија“, вели Заев.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг