„Поздрав со бои“ без принцот Филип: Во Виндзор официјално одбележан роденденот на кралицата Елизабета

Точка

12/06/2021

20:02

4.905

Големина на фонт

а а а

Во дворецот Виндзор одржана е свеченост по повод официјално одбележување на роденденот на британската кралица Елизабета Втора, првпат после смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип, пред два месеци.

Кралицата, која полни 95 години, била на свеченоста „Поздрав со бои“, во друштво на нејзиниот братучед, принцот Едвард, војводата од Кент.

Оваа година поради мерките за социјално дистанцирање, церемонијата, која се одржува повеќе од 260 години била со намален капацитет, пренесува „Ројтерс“.

„Поздрав со бои“ обично вклучува паради на војници во темноцрвена униформа и со високи крзнени капи низ центарот на Лондон, но оваа година, поради пандемијата на коронавирусот, тие учествуваа на церемонија во Виндзор, домот на кралицата, кој се наоѓа западно од Лондон.

Настанот е одржан еден ден откако кралицата беше домаќин на лидерите на седумте најразвиени земји во светот, кои учествуваат на тридневниот самит, во Корнвол, југозападно од Англија.

Кралицата Елизабета втора во недела со американскиот претседател, Џо Бајден и неговата сопруга Џил, ќе испие чај во Виндзор.

Роденденот на кралицата е на 21-ви април, но официјално се одбележува во јуни. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг