Пулицерова награда за тинејџерката која го сними убиството на Џорџ Флојд

Точка

12/06/2021

14:35

2.244

Големина на фонт

а а а

Специјалната награда Пулицер ѝ е доделена на тинејџерката чие видео од смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд покрена глобално движење против расната неправда и полициската бруталност.

Жирито на Пулицеровата награда, најпрестижното американско новинарско признание, ја награди 18-годишната Дарнела Фрејзер поради тоа што „храбро го снимила убиството на Џорџ Флојд, во видео кое поттикна протести против полициската бруталност ширум светот, укажувајќи на пресудната улога на граѓаните во новинарската потрага по вистината и правдата“.

Фрејзер имала 17 години кога ја снимила смртта на Флојд во мај 2020 година, кога беше приведен од страна на полицијата на Минеаполис.

Весникот „Star Tribune“ од Минеаполис доби Пулицерова награда за ударни вести за покривање на убиството на Џорџ Флојд на 25-ти мај 2020 година и граѓанските немири кои следеа во градот. Новинарите на весникот ги покриваа изливите на бес во Минеаполис каде демонстрантите палеа згради, вклучувајќи ја и полициската станица. Одборот на Пулицер го нарече тоа известување „ургентно, авторитативно и нијансирано“. Полицаецот Човин подоцна беше осуден за убиство.

Агенцијата „Associated Press“ (AP) доби 2 Пулицерови награди за фотографија за покривање на протестите за расната неправда во САД и последиците од пандемијата на коронавирусот кај постарите во Шпанија.


Главниот фотограф на „AP“ во Шпанија, Емилио Моренати доби награда за фотографија за документирање на влијанието на Ковид-19 кај постарите. Една од победничките фотографии прикажува постар пар кој се прегрнува и бакнува преку пластика.

Работата на 10 фотографи на „AP“ доби награда за ударни вести за известувањата од протестите кои ги зафатија американските градови по смртта на Флојд. Со овие освоени награди, „АP“ досега има добиено 56 Пулицерови признанија, вклучувајќи 34 за фотографија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг