Генералот Бен Хоџис објаснил: Како НАТО би можел да ја "победи" Русија

Точка

12/06/2021

18:30

3.370

Големина на фонт

а а а

Бен Хоџис, кој претходно бил на чело на Вооружените сили на САД во Европа, изјавил дека Западот би требало да го засили своето присуство на Црното море.

Тој додал дека тоа е стратегија која западните земји треба да ја применуваат за да го "спречат притисокот од Русија".

Како што вели, целта на зголемувањето на бројот на заеднички мултинационални воени вежби во Црноморскиот регион е Русија да биде принудена да реагира на акциите на Западот, а не обратно, што според неговото мислење сега се случува.


Хоџис во текот на он-лајн конференцијата истакнал дека не треба да внимава или да се стравува дека дејствата на војниците на НАТО ќе изгледаат како провокации.

"Ако тие видат дека ништо не преземаме како одговор на нивните постапки, тоа ќе им овозможи да одат понатаму", смета поранешниот генерал.


Исто така предвидел дека летото 2021-ва година за Украина ќе биде долго, лошо и жешко.

Претходно адмиралот на морнарицата на САД во пензија и поранешен командант на Северноатлантската алијанса Џејмс Ставридис сугерирал дека во случај на заострување на односите меѓу Русија и Украина најверојатно ќе се случи вооружен судир на Црното море. Ставридис навел дека Москва безусловно ќе победи, додека војската на НАТО нема навреме да дојде до регионот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг